Протокол бр. 12 кон Конвенцијата за човекови права

Единствено верзиите на Протоколот на англиски и француски јазик се веродостојни.

Потпишување, ратификација, стапување на сила, изјави, раскинување, територијална примена: нотификација, комуникации

ЗемјаПотпишувањеРатификацијаСтапување на силаИзјави и раскинувањеТериторијална примена: нотификацијаКомуникации
Албанија26.05.200326.11.200401.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Андора31.05.200706.05.200801.09.2008[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Ерменија18.06.200417.12.200401.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Австрија04.11.2000нене
Азербејџан12.11.2003нене
Белгија04.11.2000нене
Босна и Херцеговина24.04.200229.07.200301.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Бугаријаненене
Хрватска06.03.200203.02.200301.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Кипар04.11.200030.04.200201.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Чешка04.11.2000нене
Дансканенене
Естонија04.11.2000нене
Финска04.11.200017.12.200401.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Францијаненене
Грузија04.11.200015.06.200101.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Германија04.11.2000нене
Грција04.11.2000нене
Унгарија04.11.2000нене
Исланд04.11.2000нене
Ирска04.11.2000нене
Италија04.11.2000нене
Латвија (Летонија)04.11.2000нене
Лихтенштајн04.11.2000нене
Литванијаненене
Луксембург04.11.200021.03.200601.07.2006[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Малта08.12.201508.12.201501.04.2016[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Монаконенене
Црна Гора03.04.2003103.03.2004106.06.2006[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Холандија04.11.200028.07.200401.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Северна Македонија04.11.200013.07.200401.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Норвешка15.01.2003нене
Полсканенене
Португалија04.11.200016.01.201701.05.2017[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Молдавија04.11.2000нене
Романија04.11.200017.07.200601.11.2006[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Русија04.11.20002нене
Сан Марино04.11.200025.04.200301.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Србија03.04.2003103.03.2004101.04.2005[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Словачка04.11.2000нене
Словенија07.03.200107.07.201001.11.2010[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Шпанија04.10.200513.02.200801.06.2008[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Шведсканенене
Швајцаријаненене
Турција18.04.2001нене
Украина04.11.200027.03.200601.07.2006[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Обединето кралствоненене

1 Датуми на потпишување и ратификација од Државниот сојуз на Србија и Црна Гора.

2 Во согласност со Резолуцијата CM/Res(2022)3 усвоена од Комитетот на министри на 23.03.2022, Руска Федерација престанува да биде Страна на Договорот ETS бр. 5 на 16.09.2022. Соодветно на тоа, Руска Федерација престанува да биде потписник на Протоколот исто така на 16.09.2022.

ETS (STE) бр. 177

Протокол бр. 12 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи

Рим, 4 ноември 2000 година

Преамбула

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

имајќи го предвид основниот принцип според кој сите луѓе се еднакви пред законот и имаат право на еднаква правна заштита;

решени да преземат понатамошни чекори преку колективно јакнење на општата забрана на дискриминацијата преку Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, потпишана во Рим на 4 ноември 1950 година (во понатамошниот; текст „Конвенција“);

повторно потврдувајќи дека принципот на недискриминација не ги спречува државите членки да преземат мерки за промовирање на целосна и ефикасна еднаквост, под услов да постои објективно и разумно оправдување на тие мерки,

Се согласија за следното:

Член 1
Општа забрана на дискриминацијата

1. Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус.

2. Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.

Член 2
Територијална примена

1. Во времето на потпишување или при депонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување, секоја држава може да ја назначи територијата или териториите каде ќе се применува Протоколот.

2. Во било кој подоцнежен период, секоја држава може преку изјава упатена до Генералниот секретар на Советот на Европа, да ја прошири примената на Протоколот на било која друга територија наведена во таквата изјава. Во однос на таквата територија Прокотолот ќе стапи во сила на првиот ден од месецот по истекувањето на периодот од три месеци по датумот на прием на таквата изјава од страна на Генералниот секретар.

3. Било која изјава дадена според претходните два става може во однос на териториите наведени во таквите изјави, да се повлече или измени со известување упатено до Генералниот секретар. Повлекувањето или измената ќе стапи во сила на првиот ден од месецот што следи по истекувањето на периодот од три месеци по датумот на прием на таквото известување од страна на Генералниот секретар.

4. Изјавата дадена во согласност со овој член ќе се смета како да е дадена во согласност со првиот став од членот 56 од Конвенцијата.

5. Секоја држава која дала изјава согласно ставовите 1 и 2 на овој член може во било кое време во име на територијата или териториите на кои се однесува изјавата дека ја прифаќа надлежноста на Судот да прима барања од лица, невладини организации или групи на лица како што е предвидено со членот 34 на Конвенцијата во однос на членот 1 на овој Протокол.

Член 3
Односи со Конвенцијата

Во однос на државите пристапнички, одредбите од членовите 1 и 2 од овој Протокол ќе се сметаат за дополнителни членови на Конвенцијата, и следствено ќе се применуваат сите одредби од Конвенцијата.

Член 4
Потпишување и ратификација

Овој Протокол е отворен за потпишување за државите членки на Советот нa Европа, потписнички на Конвенцијата. Тој подлежи на ратификација, прифаќање или одобрување. Држава членка на Советот на Европа не може да го ратификува, прифати или одобри овој Протокол без претходно или истовременo да ја ратификува Конвенцијата. Инструментите за ратификација, прифаќање или одобрување ќе бидат депонирани кај Генералниот секретар на Советот на Европа.

Член 5
Стапување на сила

1. Овој Протокол ќе стапи во сила на првиот ден од месецот што следи по истекувањето на периодот од три месеци по датумот на кој десет држави членки на Советот на Европа изразиле согласност да бидат обврзани со одредбите од Протоколот во согласност со одредбите од членот 4.

2. Во однос на било која држава членка која лоследователно изразила согласност да биде обврзана со Протоколот, истиот ќе стапи во сила на првиот ден од месецот што следи no истекувањето на периодот од три месеци од датумот на делонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.

Член 6
Функции на депозиторот

Генералниот секретар на Советот на Европа ги известува сите земји членки на Советот за:

а. секое потпишување;

б. депонирање на секој инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување;

в. секој датум на стапување во сила на Протоколот во согласност со членовите 2 и 5;

г. секој друг акт, нотификација или соопштение што се однесува на овој Протокол.

Во потврда на тоа, долупотпишаните, прописно овластени за оваа цел, го потпишаа овој Протокол.

Составено во Рим, на четвртиот ден од ноември 2000 година во два еднакво автентични текстови на англиски и француски јазик во единствена копија, кои ќе бидат депонирани во архивите на Советот на Европа. Генералниот секретар на Советот на Европа и доставува заверена копија на секоја држава членка на Советот на Европа.