Протокол бр. 16 кон Конвенцијата за човекови права

Единствено верзиите на Протоколот на англиски и француски јазик се веродостојни.

Потпишување, ратификација, стапување на сила, исклучоци, изјави, раскинување, укинување, територијална примена: нотификација, комуникации

ЗемјаПотпишувањеРатификацијаСтапување на силаИсклучоциИзјави, раскинување, укинувањеТериторијална примена: нотификацијаКомуникации
Албанија24.11.201422.07.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Андора12.04.201816.05.201901.09.2019[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Ерменија02.10.201331.01.201701.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Австријаненене
Азербејџан18.11.202106.07.202301.11.2023[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Белгија08.11.201822.11.202201.03.2023[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Босна и Херцеговина11.05.201809.03.202101.07.2021[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Бугаријаненене
Хрватсканенене
Кипарненене
Чешканенене
Дансканенене
Естонија17.02.201431.08.201701.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Финска02.10.201307.12.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Франција02.10.201312.04.201801.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Грузија19.06.201406.07.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Германијаненене
Грција02.03.201705.04.201901.08.2019[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Унгаријаненене
Исландненене
Ирсканенене
Италија02.10.2013нене
Латвија (Летонија)ненене
Лихтенштајнненене
Литванија10.06.201402.09.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Луксембург06.09.201814.05.202001.09.2020[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Малтаненене
Монаконенене
Црна Гора13.12.202114.02.202301.06.2023[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Холандија07.11.201312.02.201901.06.2019[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Северна Македонија09.09.202125.09.202301.01.2024[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Норвешка27.06.2014нене
Полсканенене
Португалијаненене
Молдавија03.03.201722.06.202301.10.2023[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Романија14.10.201415.09.202201.01.2023[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Сан Марино02.10.201316.02.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Србијаненене
Словачка02.10.201317.12.201901.04.2020[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Словенија02.10.201326.03.201501.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Шпанијаненене
Шведсканенене
Швајцаријаненене
Турција20.12.2013нене
Украина20.06.201422.03.201801.08.2018[анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра][анг] [фра]
Обединето кралствоненене

CETS (STCE) бр. 214

Протокол бр. 16 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи

Стразбур, 2 октомври 2013 година

Преамбула

Државите членки на Советот на Европа и другите Високи договорни страни на Конвенцијата за заштита на човековите прави и основните слободи, потпишана во Рим на 4 ноември 1950 година (во понатамошниот текст „Конвенција“), потписнички на овој Протокол;

Имајќи ги предвид одредбите на Конвенцијата и, особено, членот 19 со кој се основа Европскиот суд за човековите права (во понатамошниот текст „Суд“);

Со оглед на тоа што проширувањето на надлежноста на Судот да дава советодавни мислења дополнително ќе ги зацврсти меѓусебните односи меѓу Судот и домашните органи и со тоа ќе ја зајакне примената на Конвенцијата, во согласност со принципот на субсидијарност;

Имајќи го предвид Мислењето број 285 (2013) што Парламентарното собрание на Советот на Европа го усвои на 28 јуни 2013 година,

Се согласија за следното:

Член 1

1. Највисоките судови и трибунали на Високата договорна страна, како што е предвидено во согласност со член 10, може да побараат од Судот да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на правата и слободите дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи.

2. Судот или трибуналот кој бара мислење може да побара советодавно мислење само во контекст на предмет што се води пред него.

3. Судот или трибуналот кој бара мислење треба да ги наведе причините за барањето и да достави релевантни информации за правните и фактичките прашања за предметот што е во тек.

Член 2

1. Совет составен од пет судии на Големиот судски совет ќе одлучи дали да го прифати барањето за советодавно мислење имајќи го предвид членот 1. Советот ќе ги образложи причините за секое одбивање да го прифати барањето.

2. Доколку советот го прифати барањето, Големиот судски совет ќе донесе советодавно мислење.

3. Во советот и Големиот судски совет, кои се наведени во претходните ставови, ќе учествува по службена должност судијата избран во однос на Високата договорна страна од која потекнува судот или трибуналот што го бара мислењето. Доколку таков судија нема или истиот не може да учествува во работата на советот, во својство на судија ќе учествува лице кое Претседателот на Судот ќе го избере од листата што Договорната страна однапред ја доставила.

Член 3

Комесарот за човекови права на Советот на Европа и Високата договорна страна од која потекнува судот или трибуналот кој побарал советодавно мислење имаат право да достават писмени опсервации и да учествуваат во расправата. Во интерес на правилно водење на постапката, Претседателот на Судот може да повика било која друга Висока договорна страна или лице да достават писмени опсервации или да учествуваат во расправата.

Член 4

1. Советодавните мислења ќе бидат образложени.

2. Доколку советодавното мислење не го изразува, во целина или дел, едногласното мислење на судиите, секој судија има право да го издвои своето мислење.

3. Советодавните мислења им се доставуваат на судот или трибуналот кој го побарал мислењето и на Високата договорна страна од која потекнува судот или трибуналот.

4. Советодавните мислења се објавуваат.

Член 5

Советодавните мислења не се обврзувачки.

Член 6

Високите договорни страни ги сметаат одредбите на членовите од 1 до 5 на овој Протокол за дополнителни членови на Конвенцијата, и сите одредби на Конвенцијата се применуваат соодветно.

Член 7

1. Овој Протокол е отворен за потпишување од страна на Високите договорни страни на Конвенцијата кои може да ја изразат нивната согласност да бидат обврзани со истиот:

а. со потпишување без резерва во поглед на ратификацијата, прифаќањето или одобрувањето, или

б. со потпишување кое е предмет на ратификација, прифаќање односно одобрување, по кое ќе следи ратификација, прифаќање односно одобрување.

2. Инструментите за ратификација, прифаќање или одобрување се депонираат кај Генералниот секретар на Советот на Европа.

Член 08

1. Овој Протокол стапува на сила првиот ден од месецот кој следи по истекот на тримесечниот период од датумот кога десет Високи договорни страни на Конвенцијата изразиле согласност да бидат обврзани со овој Протокол во согласност со одредбите на член 7.

2. Во однос на Висока договорна страна која подоцна ќе изрази согласност да биде обврзана со овој Протокол, истиот ќе стапи во сила на првиот ден од месецот кој следи по истекот на тримесечниот период од датумот кога таа страна изразила согласност да биде обврзана со Протоколот во согласност со одредбите на член 7.

Член 9

На одредбите на овој Протокол не може да се ставаат резерви врз основа на членот 57 на Конвенцијата.

Член 10

Секоја Висока договорна страна на Конвенцијата, при потпишувањето или депонирањето на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување, преку изјава упатена до Генералниот секретар на Советот на Европа ги наведува судовите или трибуналите што ги одредува во врска со член 1, став 1, на овој Протокол. Таа изјава може подоцна да биде изменета во секој момент и во иста постапка.

Член 11

Генералниот секретар на Советот на Европа ги известува сите држави членки на Советот на Европа и другите Високи договорни страни за:

а. секое потпишување;

б. депонирање на секој инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување;

в. секој датум на стапување на сила на овој Протокол во согласност со одредбите на член 8;

г. секоја изјава дадена во согласност со член 10; и

д. секој друг акт, известување или соопштение во врска со овој Протокол.

Во потврда на тоа, долупотпишаните, прописно овластени за оваа цел, го потпишаа овој Протокол.

Составено во Стразбур на 2 октомври 2013 година на англиски и француски јазик, при што и двата текста се еднакво веродостојни, во еден единствен примерок што се депонира во архивот на Советот на Европа. Генералниот секретар на Советот на Европа им доставува заверени копии на секоја држава членка на Советот на Европа и на другите Високи договорни страни на Конвенцијата.