Застапување на жалителите пред ЕСЧП

Оваа услуга се нуди само за жалби што ЕСЧП веќе ги комуницирал до Владата на тужената држава и по кои му соопштил на жалителот дека треба да достави писмени опсервации.
Цената на застапувањето пред ЕСЧП зависи од времето што ќе биде потребно за подготовка на одговорите на прашањата на ЕСЧП, на одговорите на аргументите на Владата на тужената држава и, по потреба, на појаснувањата по фактите и барањата за правично задоволување. Распонот е многу широк: од неколку стотици евра, ако сè може да се заврши за два до три часа, до 10 илјади евра или повеќе, ако се потребни десетици часови.
Колку време ќе бара работата токму во вашиот случај и, со тоа, колку ќе чини застапувањето, можам да проценам дури откако ќе ги видам документите. Доставете ја жалбата со сите прилози, сè што дополнително било испратено до ЕСЧП во врска со неа и сè што сте добиле од ЕСЧП. Ако ми требаат дополнителни документи, ќе ги побарам од вас.
Обично одговарам на барање за цена на застапувањето пред ЕСЧП во рок од една недела откако ќе ги добијам сите потребни документи и информации. Ако рокот што го поставил ЕСЧП за доставување опсервации или други материјали истекува во наредните неколку дена, пишете ми и прашајте дали можам итно да го разгледам вашето барање. На таква порака ќе одговорам во рок од 24 часа. Ако потврдам дека можам и ако веднаш ги доставите потребните документи и информации, ќе ви го соопштам мојот заклучок по барањето во следните 48 часа.
Кога ќе ви ја соопштам цената на услугата, за да не се губи време, ќе ви испратам и договор и пополнет образец на овластување за застапување пред ЕСЧП. Овластувањето треба да го испечатите, да го потпишете и да го испратите по редовна пошта на мојата адреса во Франција. Услугата може да ја платите откако ќе ги подготвам документите за ЕСЧП, со банкарски трансфер на мојата сметка во Швајцарија или на други начини, зависно од земјата од која се врши плаќањето. Сепак, подобро е тоа да се направи пред документите да бидат испратени до ЕСЧП, за кон барањето за правично задоволување да може да се приложи доказ за плаќањето. Така барањето за надомест на веќе направените трошоци за застапување на жалителот пред Судот многу полесно се образложува.
Оваа услуга очигледно не е за вас ако со сигурност можете да се препознаете во кое било од следниве тврдења: